Оф-роуд возење утре на планината Плачковица
- Оф роуд клубот од Штип утре на планината Плачковица ќе го организира традиционалното еднодневно авантуристичко и адреналинско возење. Претседателот на оф роуд клуб „Астибо“ -Штип, Влатко Георѓиев, денеска изјави дека се очекуваат голем број гости од земјава и ги покани љубителите на адреналинскиот спорт да бидат дел од настанот, бидејќи настанот е од отворен карактер.
Штип, 28 септември 2024 (МИА) – Оф роуд клубот од Штип утре на планината Плачковица ќе го организира традиционалното еднодневно авантуристичко и адреналинско возење. Претседателот на оф роуд клуб „Астибо“ -Штип, Влатко Георѓиев, денеска изјави дека се очекуваат голем број гости од земјава и ги покани љубителите на адреналинскиот спорт да бидат дел од настанот кој е отворен за сите заинтересирани.
-Овој настан ние не го организираме првпат, ова е традиционален настан кој е одржува веќе дванаесет- тринаесет години по ред. Нашата цел е да има дружба на луѓето кои сакаат оф роуд возење, кои ја сакаат планината и адреналинското возење. На овој настан ќе имаме гости од цела Македонија, поканети се сите љубители. Настанот е од отворен карактер, секој може да присуствува кој има возило џип, дали крос мотор, рече Георѓиев.
Утре во 8 часот кај Градскиот стадион е собирното место, а потоа започнува авантурата со возење на планината Плачковица. Настанот ќе заврши на локалитетот Баргала со музчика програма и добра забава.
Се очекуваат околу 250 љубители на адреналинското возење. Гости ќе има од Кочани, Виница, Крива Паланка и Скопје. вдј/хс/
Фото: МИА