Ерменија и Азербејџан разговараат за следната рунда од договорот за демаркација на границата
- Ерменија и Азербејџан разговараат за следната рунда од договорот за демаркација на границата и се уште не стигнале до конечна одлука, изјави претседателот на ерменскиот Парламент, Ален Симонјан, цитиран од ерменска новинска агенција.
Ереван, 4 ноември 2024 (МИА) - Ерменија и Азербејџан разговараат за следната рунда од договорот за демаркација на границата и се уште не стигнале до конечна одлука, изјави претседателот на ерменскиот Парламент, Ален Симонјан, цитиран од ерменска новинска агенција.
За заедничката работа на комисиите на Ерменија и Азербејџан за демаркација на границите, Симонјан рече дека договорот меѓу комисиите на двете земји е најголемата победа за нив.
„Ова е билатерална победа. Ова е прв меѓудржавен документ меѓу Ерменија и Азербејџан, а неговото спроведување е еден од најважните камен-темелници на независноста и за територијалниот интегритет и на Ерменија и на Азербејџан. Ќе продолжиме напред (со преговори) “, рече Симонјан.
Toj изрази надеж дека мировниот процес ќе напредува во позитивна насока.
„Во моментов нема конкретнo решение за демаркација на границите и разговорите се во тек. Во моментов разговараме каде да продолжиме. Разговорот меѓу ерменскиот премиер Никол Пашинјан и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев на маргините на состанокот на БРИКС во Казан беше поврзан со воспоставување мир, воспоставување врски и разговори за состојбата на затворениците“, рече Симонјан. рп/
Фото: МИА архива