Енрике: Ако го наметнеме нашиот стил, нема да имаме проблеми против Ливерпул
- Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике на својата прес-конференција пред натпреварот со Ливерпул во Лигата на шампионите изјави дека знае во кои области неговиот тим има предност во однос на противникот, но ќе ги задржи информациите за себе.

Париз, 4 март 2025 (МИА) - Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике на својата прес-конференција пред натпреварот со Ливерпул во Лигата на шампионите изјави дека знае во кои области неговиот тим има предност во однос на противникот, но ќе ги задржи информациите за себе.
-Треба да го повториме нашиот настап од последните неколку натпревари. Треба да ја чуваме топката повеќе од нив, да создаваме повеќе шанси и ефикасно да се браниме, ја објасни формулата за успех стручњакот.
Шпанецот потоа ги истакна разликите меѓу двата тима.
-Тие се тим кој напаѓа многу добро, а нам ни е потребна топката. Ливерпул може да создаде опасност без топка и да го наметне својот стил на игра полесно од нас. Тие се еден од најдобрите тимови во Европа во контра-напад, но ние ќе се обидеме да играме повеќе со топката и да се погрижиме да не страдаме за време на нивната транзиција во играта. Тие имаат три борбени авиони во напад, а ние се карактеризираме во напад по нашата структура. Ако го наметнеме нашиот стил, нема да страдаме многу. Целта е да бидеме подобри и да не им даваме шанса во транзицијата. Мора да ги оправдаме очекувањата, смета Шпанецот. дс
Фото: Архива