• понеделник, 15 декември 2025

ЕК го поздравува ослободувањето на 123 политички затвореници во Белорусија

ЕК го поздравува ослободувањето на 123 политички затвореници во Белорусија

Брисел, 14 декември 2025 (МИА) - Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска го поздрави ослободувањето од Белорусија на лауреатот на Нобеловата награда за мир, Алес Бељацки, опозиционерката Марија Колесникова и уште 121 политички затвореник.

„Овој развој на настаните ја зајакнува нашата решителност. Решителноста да ја продолжиме борбата за сите затвореници кои сѐ уште се во затвор во Белорусија, затоа што имаа храброст да ѝ ја кажат вистината на власта“, напиша таа на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер). ссм/

фото: архива

Остани поврзан