• петок, 22 ноември 2024

Евростат: Во ЕУ во 2021 година работеле 31 милион компании со 156 милиони вработени

Евростат: Во ЕУ во 2021 година работеле 31 милион компании со 156 милиони вработени

Брисел, 9 ноември 2023 (МИА) - Вкупно 31 милион компании работеле во ЕУ во 2021 година. Тие вработувале 156 милиони луѓе, соопшти денеска Евростат.

Микропретпријатијата и малите фирми со до 49 вработени имале 98 отсто учество во овој број фирми.

Овие компании вработувале вкупно 75,8 милиони луѓе или 49 отсто од сите вработени, а произвеле стоки или услуги за 3,3 милијарди евра, што претставува 35 отсто од вкупното производство на компаниите.

Средните компании, кои имаат меѓу 50 и 249 вработени, вработиле 24 милиони луѓе и произвеле стоки или услуги за 1,6 трилиони евра (17 отсто учество во вкупното производство на компаниите).

Големите компании со повеќе од 249 вработени вработуваа повеќе од една третина од работната сила во ЕУ - 55,6 милиони луѓе или 36 отсто и произведоа стоки или услуги за 4,4 трилиони евра - 48 отсто учество од вкупното производство на компаниите, наведува денеска Евростат. ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан