Евростат: Хрватска во февруари регистрира најголем пад на индустриското производство
- Хрватска во февруари годинава забележа најголем пад на индустриското производство во ЕУ, за разлика од индициите за стабилно закрепнување на европско ниво, покажаа податоците на Европската служба за статистика (Евростат) објавени денеска.

Загреб, 15 април 2025 (МИА) – Хрватска во февруари годинава забележа најголем пад на индустриското производство во ЕУ, за разлика од индициите за стабилно закрепнување на европско ниво, покажаа податоците на Европската служба за статистика (Евростат) објавени денеска.
На ниво на еврозоната, сезонско приспособеното индустриско производство во февруари се зголемило за 1,1 отсто во однос на јануари кога според ревидираните податоци е зголемено за 0,6 отсто, пресметале статистичарите.
На ниво на ЕУ е зголемено за еден процент по ревидираниот раст од 0,1 отсто на почетокот на годината. јт/
Фото: МИА архива