• сабота, 26 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Стапката на вработеност во ЕУ лани била близу 76 отсто

Стапката на вработеност во ЕУ лани била близу 76 отсто

Брисел, 15 април 2025 (МИА) – Бројот на вработени во Европската унија, на возраст меѓу 20 и 64 години, лани изнесувал 197,6 милиони луѓе, што е стапка од 75,8 отсто и претставува најголем удел од 2009 година, соопшти денеска Евростат.

Заводот за статистика на ЕУ соопшти дека стапката на вработеност се зголемила за 0,5 процентни поени во споредба со 2023 година и за 1,2 отсто во однос на 2020 година.

Од земјите на Европската унија, највисоки стапки на вработеност се забележани во Холандија (83,5 отсто), Малта (83) и Чешка (82,3). јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан