• среда, 23 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Објекти на РТС во Белград блокирани повеќе од 24 часа

Објекти на РТС во Белград блокирани повеќе од 24 часа

Белград, 15 април 2025 (МИА)  - Повеќе 24 часа трае блокирањето на објекти  на РТС - во центарот на Белград на улицата Таковска, и на Кошутњак - од страна на неколку илјади студенти и граѓани, јави дописникот на МИА од Белград. 

Блокадата почна синоќа во 22 часот, а студентите најавија дека ќе останат таму до објавување на нов конкурс за членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ), или до згаснување на РТС.

Насобраните прават голема врева со свирежи и вувузели. Во зградата на РТС има припадници на жандармеријата, но засега нема инциденти.

Студентите ги повикаа граѓаните да дојдат во голем број и да преноќат со нив пред зградата на РТС. На Х објавија дека вечерва не е емитуван третиот дневник, 

Во централниот дневник, РТС вечерва повторно повика на прекин на блокадата на објектите на јавниот сервис со оценка дека „заблуда е дека на урнатини на јавниот сервис може да се изгради подобро општество“.

Се протестира и пред зградата на Радио-телевизија Војводина во Нови Сад каде стотици студенти и граѓани вечерва гласаа да останат пред тој јавен сервис.Тие се пред влезот на медиумот од околу 17 часот. зш/

фото МИА

Остани поврзан