• вторник, 22 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Европол: Разбиени четири големи мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Европол: Разбиени четири големи мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Брисел, 15 април 2025 (МИА) – По серија координирани рации поддржани од Европол, органите за спроведување на законот низ Европа и Турција разбиле четири големи криминални мрежи одговорни за шверц на дрога во ЕУ и Турција.

Уапсени се вкупно 232 осомничени, меѓу кои и лица кои имале клучна улога во операциите за шверц на дрога и перење пари, соопшти денеска Европол.

Истрагите опфатиле повеќе јурисдикции, а властите во Белгија, Франција, Германија, Холандија и Шпанија извршиле рации и апсења во соработка со Европол. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан