• понеделник, 21 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Алијанса за Албанците на Таравари останува во „Влен“, со свои листи за советници на локалните избори

Алијанса за Албанците на Таравари останува во „Влен“, со свои листи за советници на локалните избори

Скопје, 15 април 2025 (МИА) - Централното претседателство на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари вечерва одлучи да одат со свои листи за советници на претстојните локални избори.

Таравари на прес-конференцијата по завршување на сендицата рече дека остануваат во Влен освен ако останатите коалициски партнери не одлучат да ги исклучат. 

- Не излегуваме од коалицијата Вреди, излегуваме со наши листи за советници. За кандидатите за градоначалници не е дефинитивно. Не може четири-пет луѓе од „Влен“ да одлучуваат за кандидати за градоначалници без сондажи и анкети на јавното мислење, рече Таравари. ас/бак/

Фото: МИА

 

Остани поврзан