• недела, 30 јуни 2024

Донарума за Швајцарија: Агресивни се, мораме да правиме што помалку грешки

Донарума за Швајцарија: Агресивни се, мораме да правиме што помалку грешки

Берлин, 29 јуни 2024 (МИА) - Голманот на Италија, Џанлуиџи Донарума зборува за тоа што очекува од осминфиналниот натпревар на Европското првенство со селекцијата на Швајцарија.

-Швајцарија е физички силна репрезентација, тоа се чувствува на теренот. Мора да бидете спремни да се прилагодите додека играта напредува. Одењето во напад со додавање или долга топка напред може да биде различно. Тие дејствуваат агресивно и ние мора да правиме што помалку грешки, изјави Донарума, цитиран од прес-службата на УЕФА.

Натпреварот меѓу Швајцарија и Италија е денеска од 18 часот по македонско време. дс

Фото: Архива

Остани поврзан