• вторник, 05 ноември 2024

Додик: Ако ми забранат политичко дејствување, ќе формирам здружение за независност на РС

Додик: Ако ми забранат политичко дејствување, ќе формирам здружение за независност на РС

Бања Лука, 6 декември 2023 (МИА) - Претседателот на Република Српска Милорад Додика изјави дека ќе формира здружение за независност на Република Српска, доколку Судот на Босна и Херцеговина го осуди дека не ги спроведувал одлуките на високиот претставник и му забрани политичко дејствување.

„Тие мислат дека на Милорад Додик ќе му биде забрането да работи политички? Тоа го очекуваат половина од нив овде во Федерацијата на Босна и Херцеговина“, изјави Додик за новинарите по денешното рочиште во Судот на Босна и Херцеговина.

Тој додаде дека ако му биде забранета политичко дејствување, „само ќе биде ослободен од јавна одговорност како претседател на републиката“.

„И тогаш, кога ќе ме забранат, ќе формирам здружение за независност на Република Српска“, нагласи тој.

Во Судот на Босна и Херцеговина денеска се одржа рочиште за претседателот на Република Српска Милорад Додик и в.д. до директорот на Службен весник на РС, Милош Лукиќ, за неспроведување на одлуките на високиот меѓународен претставник во земјата Кристијан Шмит.

По рочиштето, Додик изјави дека „судењето не е ни започнато“, бидејќи неговата одбрана поднела барање до Судот на Босна и Херцеговина судењето да се префрли во Основниот суд во Бања Лука.

„Судот на Босна и Херцеговина донесе одлука да не го прифати тоа барање, но рече дека имаме три дена за жалба“, рече тој.

Додик оцени дека процесот против него е „политички процес“. ссм/

Остани поврзан