• понеделник, 23 декември 2024

Ди Марија ќе го продолжи договорот со Јувентус

Ди Марија ќе го продолжи договорот со Јувентус

Торино, 2 април 2023 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред Анхел Ди Марија е подготвен да продолжи да игра за Јувентус.

 

Според „Tuttomercatoweb“, Аргентинецот ќе остане во торинскиот клуб дури и ако тимот не се пласира во европските натпреварувања на крајот од оваа сезона. Клубот е на седмото место во поредокот во Серија А.

 

Претходно беше објавено дека Атлетико Мадрид е заинтересиран за фудбалерот од средниот ред.

 

Триесет и петгодишниот Ди Марија одигра 16 натпревари оваа сезона во Серија А, постигнувајќи четири гола и четири асистенции. Во Јувентус е од 2022 година. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан