Дефектот на доводната цевка кон две населби од Куманово ќе биде саниран до крајот на денот
- Жителите на кумановските населби Черкези и Железничка станица се без вода поради дефект на главната доводна водоводна цевка „Ф-355“, соопштија денеска од Јавното претпријатие „Водовод“. Екипите се на терен и го санираат дефектот. По поправка на дефектот во тек на денот водоснабдувањето ќе биде воспоставено.
Куманово, 2 декември 2025 (МИА) - Жителите на кумановските населби Черкези и Железничка станица се без вода поради дефект на главната доводна водоводна цевка „Ф-355“, соопштија денеска од Јавното претпријатие „Водовод“.
Екипите се на терен и го санираат дефектот. По поправка на дефектот во тек на денот водоснабдувањето ќе биде воспоставено.
- Станува збор за поголем дефект и доводна цевка, со поголем профил и должина. Ги замолувам граѓаните да бидат трпеливи, бидејќи и по санацијата ќе се пушти помала количина на вода, но до вечерните часови сè ќе биде во најдобар ред, изјави директорот на претпријатието, Игор Липковски.
Екипите се на терен од утринските часови. По санацијата водата ќе биде пуштена во помала количина за да не дојде до таканаречен хидрауличен удар и да не се предизвикаат поголеми дефекти.
Од „Водовод“ велат дека продолжуваат со напорите за навремена интервенција и подобрување на услугите за корисниците. ам/вј/
Фото: МИА