Собранието обоено во портокалова боја по повод светската кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“
- - Сакам да истакнам дека овој чин не е само визуелен симбол, туку јасна и моќна порака дека највисокaта претставничка институција е решена да биде на страната на секоја жена и девојка и не толерира насилство под никакви околности. Нека портокаловата светлина послужи како повик за размислување, а заедно со оваа светлина да се разбуди и надежта за општество каде секоја жена и секоја девојка живее без страв, почитувана и заштитена, напиша на Фејсбук претседателот на Собранието Африм Гаши.
Скопје, 4 декември 2025 (МИА) - Собранието вечерва е обоено во портокалова боја по повод светската кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“.
- Сакам да истакнам дека овој чин не е само визуелен симбол, туку јасна и моќна порака дека највисокaта претставничка институција е решена да биде на страната на секоја жена и девојка и не толерира насилство под никакви околности. Нека портокаловата светлина послужи како повик за размислување, а заедно со оваа светлина да се разбуди и надежта за општество каде секоја жена и секоја девојка живее без страв, почитувана и заштитена, напиша на Фејсбук претседателот на Собранието Африм Гаши.

Генералната секретарка на Парламентот Марина Димовска потенцира дека овој чин не е само симболика - тоа е јасна порака дека Собранието стои на страната на секоја жена и девојка и не толерира никакаква форма на насилство.
- Заеднички да градиме општество во кое секоја жена живее без страв, почитувана и заштитена, потенцира Димовска. ев/дма/
Фото: Фејсбук Гаши/Димовска