• понеделник, 20 мај 2024

Деспотовски: Подготвени сме за стартот евроквалификациите

Деспотовски: Подготвени сме за стартот евроквалификациите

Јонкопинг, 7 септември 2023 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 21 година допатува во Јонкопинг каде вечерва ќе го одржи официјалниот тренинг пред утрешниот натпревар против Шведска во воведното коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2025.

Репрезентативецот и член на скопски Работнички, Стефан Деспотовски, во изјава за официјалниот сајт на ФФМ, посочи дека „црвено – жолтите“, подготвени го очекуваат дуелот со Шведска и стартот на новиот квалификациски циклус.

-Долго време го очекувавме и напорно се подготвувавме за овој момент. Сега е време да покажеме на овие квалификации дека поседуваме голем квалитет. Очекувањата се големи, сакаме да одиграме добри квалификации и да обезбедиме добар пласман. Сигурен сум дека секој од нас ќе го даде максимумот, за да ги оствариме зацртаните цели. Сите заедно ќе се бориме до крај за да оствариме голем успех, изјави Деспотовски.

Утрешниот дуел во Јонкопинг започнува во 18 часот, а за македонските фудбалски надежи потоа претстои натпреварот на домашен терен против Холандија на 12 септември, во рамки на квалификациската група Ц во која се и репрезентациите на Грузија, Молдавија и Гибралтар. ег/сх/ 

ФОТО:ФФМ

Остани поврзан