• понеделник, 25 ноември 2024
МИА Најави МКД

21 мај 2024

Скопје – Дводневна „Регионална конференција за родова еднаквост во намалувањето на ризиците од катастрофи во Западен Балкан и Турција“, во организација на Програмата за Развој на Обединетите Нации (УНДП). (х. „Холидеј Ин“/ 9:30) 

Скопје – Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе одржи презентација на Годишниот извештај за работата за 2023 година. (х. „Александар Палас“/ 10:00, изјава за медиумите/ 10:15)

Скопје – Трет регионален Саем за наука во организација на Македонија 2025 и Johnson Matthey Програмата за влијание на заедницата „Науката и јас“. (ООУ „Невена Георгиева – Дуња, Кисела Вода/ 13:00)

Штип – Перформанс за јакнење на родова еднаквост „Простор за разговор“ во организација на ХЕРА - Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување. (Мултимедијален центар во Штип/ 12:00, изјави за медиумите/ 11:30)

Скопје – „Радикално Навивање“ - Изведба за танцот како форма на протест во рамки на Перформанс платформа Фестивал, во режија на Зуфит Сајмон. (МКЦ/ 20:00)

Скопје – Промоција на „Дни, години“ од Димитар Башевски, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга за 2023 година според Струшките вечери на поезијата. (ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, во спомен собата „Т’га за југ“/ 12:00)

Скопје – Промоција на трите нови хаику книги – „Хаику миг“ – хаику песни од 37 автори, „Мајчински муабети под праската“ од Даниела Ефтимова и „Бисерно клопче“ од Оливера Јовановска и ликовна изложба „Очи“ од писателот Христо Петрески. (Гимназија „Никола Карев“/ 13:30)

Скопје – Свечено отворање на Меѓународниот „Книжевен круг“ со Вечерта на чајот и читање на класична кинеска поезија. (Културен центар „Феникс“ кај Универзална сала/ 19:00) 

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан