• среда, 15 мај 2024

Денови на македонската култура во Ковин

Денови на македонската култура во Ковин

Кавадарци, 25 септември 2023 (МИА) - Во Ковин, Србија, вечерва започнаа Денови на македонската култура, информираат од кавадаречката локална самоуправа.

На агендата од програмата која трае до сабота се изложба на слики од Елизабета Јорданоска, презентација на производи од грозје, дегустација на македонска кујна, ревија на филмови, театарска претстава, меѓународен фестивал на традиционална музика. 

- Двата града се збратимени долги години и ова е само доказ за успешната соработка која ќе продолжи и во иднина, соопштија од Општината Кавадарци. свд/ар

ФОТО/Фејсбук 

Остани поврзан