• сабота, 06 јули 2024

Отворен ден на Средно училиште „Коле Неделковски“ во Велес

Отворен ден на Средно училиште „Коле Неделковски“ во Велес

Велес,14 мај 2024 (МИА) - Во Средното училиште „Коле Неделковски“ во Велес денеска како и секоја година во мај го одржа настанот „Отворен ден“, на кој беа претставени сите струки и занимања во оваа училиште.

Средното училиште „Коле Неделковски“ го посетија деветтооделенците од сите велешки основни училишта, како и деветооделенци од училиштата од општините Градско, Чашка и Лозово. Учениците од страна на наставниците од оваа училиште биле запознаени подетално со електротхничката, машинската, сообраќајната и угостителката струка, со повеќе атрактивни и се популарни струки и занимања со три и четиригодишно школување, а годинава за првпат струки и со двегодишно школување кои привлекуваат се поголем интерес за упис на деветооделенците.

Директорката на училиштето Весна Богоевска Стојанова во изјава за МИА појаснува дека заедно со фирмите партнери во дуалното образование како „Брако“, „Маркварт“, „Ронтис“ и останати, им ги претставиле можностите што ги нуди училиштето, каде освен настава учениците имаат и практична настава во овие фирми партнери со кои соработуваат и за тоа воедно добивааат и стипендии.

Таа информира дека деветооделнците денеска ги посетија десет од многуте стручни доброопремени кабинети, а каде се изведува стручната настава.

-Целта на презентација на нашите ученици пред деветооделенците е самите да согледаат дека доколку го изберат нашето училиште кое е Регионален центар за стручно образование и обука дека и тие понатаму имаат можност да бидат тие кои ќе презентираат. Нашите ученици не се стекнуваат само со стручни знаења и вештини кои се барани секаде во светот, туку и се оспособуваат за многу стручности и од сите предмети. Тие се добитници на награди не само за стручни туку и за останатите предмети. Еве на пример, наша ученичка го освои првото место на државното првенство по англиски јазик, а наши ученици освоија и награда за најдобар рок бенд  и други награди по други предмети, нагласи Богоевска Стојанова.ад/фф/

Фото: МИА/Фејсбук на ССОУ „Коле Неделковски“-Велес

Остани поврзан