• понеделник, 23 декември 2024

Пролетно чистење на спортските и детски игралишта и други површини  во Дебар

Пролетно чистење на спортските и детски игралишта и други површини  во Дебар

Дебар, 14 мај 2024 (МИА) - Општина Дебар според зацртаната динамика ја реализира  традиционалната акција во насока на чист и уреден град.

-Како и секоја година, така и оваа, со проектот „Пролетни работи“ подготвивме месечен план за чистење на зелените површини и кроење на дрвјата во нашиот град, информираа од општината преку објава на Фејсбук.

Додаваат дека по кроењето на дрвјата по улиците во градот,  моментно се работи на чистење на  спортското игралиште во близина на деветолетката "Пенестија", како и детското игралиште со многу реквизити, во близина на училиштето и детската градинка.

- Ова се  најпосетуваните локации на деца од сите возрасни групи, каде играат и се дружат заедно, онака како што и живеат и учут во училиштата, посочуваат од општината.

Детското игралиште е единствено вакво катче во градот, кое секојдневно е полно со деца, а посебно нивниот број е голем во летните месеци кога присуството на печалбарите е масовно.

Изградено и дадено во употреба е пред три години, за што општината потроши сопствени средства во износ од пет милиони денари.


Од таму апелираат до граѓаните  „да се грижат за општествениот имот затоа што тој е и нивна сопственост" и да пријават секое несовесно однесување. вт/лв/


Фото: Општина Дебар

 
 

 

Остани поврзан