• недела, 19 мај 2024

Денеска има плата за сите вработени во кумановските училишта

Денеска има плата за сите вработени во кумановските училишта

Куманово, 18 март 2024 (МИА) - Вработените од сите основни и средни училишта од Куманово денеска ќе земат февруарска плата, соопштија од секторот за финансии од општината, по реакција на дел од вработените дека немаат плата.

- Обработени се и денеска ќе бидат пуштени, изјави раководителката на секторот, Ирена Илиевска.

Надлежните од Регионалниот одбор на СОНК, кажаа дека немале информација за недостиг на плата.

- До СОНК не стигнаа поплаки дека нема плата. Регионалниот одбор на СОНК секогаш реагираме до општина за навремена исплата на плати. Меѓутоа, од претходни искуства имаме сознанија дека во некои училишта службите доцнат со пресметка на плати и подготовка на списоци или имаат некоја грешка, па сите вработени мора да почекаат да се исправи. Апелираме до сите сериозно да си ја сфатат работата и платата да се исплаќа во законско предвидениотт рок, изјави Цветанка Митевска, претседател на РО Куманово на СОНК Куманово.

Вработените од просвета се жалат дека често се случува платата за претходниот месец да се исплаќа со задоцнување и да ја имаат на сметките некогаш и по 25-ти во месецот. На ниво на Куманово има 17 основни и пет средни училишта. ам/цр


Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан