• петок, 05 декември 2025

Герасимовски: Центар прв блесна, украсени десет локации

Герасимовски: Центар прв блесна, украсени десет локации

Скопје, 1 декември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска информираше дека целосно е завршено украсувањето на општината за претстојните празници.

-Центар блесна уште пред неколку дена. На повеќе локации е украсено, почнувајќи од Дебар Маало, улиците „Орце Николов“, „Боемска“, „Сквер Јадран“, двата парка во Капиштец, плочникот кај Агромеханика , вкупно десет локации во општината се накитени. Целта ни е да ја разбудиме новогодишната магија и да создадеме убава празнична атмосфера во која ќе уживаат и нашите најмали, децата, истакна градоначалникот во гостување на утринската програма на МРТВ.

Од општината информираат дека Герасимовски најави дека и годинава општината подготвува богата културно-уметничка програма за празниците.

-Ќе имаме неколку настани во декември. Подготвуваме централна вечер, која традиционално ја правиме неколку дена пред самата новогодишна ноќ. Планираме неколку изведувачи, се разбира македонски , тоа е наш белег, да ја промовираме и негуваме домашната музичка сцена. Ќе има и диџеј, но и интересни дружби со нашите најмали. И оваа година продолжуваме со одличниот настан „Џез под ламбa“. Ќе има и многу други изненадувања за центарци, но и за сите оние што ќе бидат наши гости за празниците, истакна Герасимовски. свс/дма/

Фото: Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан