• вторник, 14 мај 2024

Во Шпанија запленети 7,2 тони кокаин

Во Шпанија запленети 7,2 тони кокаин

Мадрид, 6 декември 2023 (МИА) - Шпанската полиција, заедно со царинските органи, успеаја да зададат голем удар против меѓународниот шверц на дрога, пренесува ДПА.

Полицајците откриле огромно количество од 7,2 тони кокаин во контејнер со замрзната риба од Јужна Америка, објавија радио станицата Кадена Сер и весниците Фаро де Виго и Воз де Галиција, повикувајќи се на истражни извори. Приведени се четири лица.

Станува збор за најголемото количество кокаин во подолг период кое било пресретнато во регионот на Галиција во северозападна Шпанија, наведува „Кадена Сер“. Првично беше нејасно од која јужноамериканска земја потекнува контејнерот, пишуваат медиумите.

Уличната вредност одговара на околу 500 милиони евра (539,5 милиони долари) по цени од 60 до 80 евра за грам кокаин.

Проценетото годишно глобално производство на бел прав беше околу 2.300 тони во 2021 година, според бројките на ОН. Во Европа истата година се запленети вкупно 303 тони кокаин. ссм/

фото: архива

Остани поврзан