• понеделник, 23 декември 2024

Меѓународната заедница очекува Северна Македонија да ги почитува билатералните договори, реакции по свечената заклетва на Сиљановска-Давкова

Меѓународната заедница очекува Северна Македонија да ги почитува билатералните договори, реакции по свечената заклетва на Сиљановска-Давкова

Скопје, 14 мај 2024 (МИА) - Не стивнуваат реакциите откако во неделата новата претседателка на државата Гордана Сиљановска-Давкова во свечената заклетва не ја употреби придавката „Северна“. Европската Унија и САД очекуваат Северна Македонија да продолжи по успешниот пристапен пат и да се почитуваат билатералните договори вклучително и Договорот од Преспа. Од Грција, која е земја потписничка на Преспанскиот договор, велат дека до овој момент не се дојдени до точка да стават вето, но дека почитувањето на Преспанскиот договор е неопходен предуслов за ЕУ перспективата на Северна Македонија. 

Од Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова, пак, вчера информираа дека таа ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, но дека во своите јавни настапи има право да го употребува името Македонија како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација. 

- Согласно Уставот, како што беше подготвена од службите на Собранието, свечената заклетва беше потпишана со користење на уставното име. Македонските институции во последниве пет години речиси целосно ги исполнија обврските од Преспанскиот договор и претседателката очекува сите македонски партнери да ги почитуваат билатералните и мултилатерални обврски кои ги презеле кон земјата, велат од Кабинетот на Сиљановска-Давкова.

Информирани сме дека постои интерен допис во чии рамки се бара враќање на едно возило кое го користи претседателот. Не знаеме кој е мотивот за ваквиот допис, но напоменуваме дека безбедноста

Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис вчера укажа на потребата да се почитува Договорот од Преспа како меѓународна обврска на двете земји. На прашањето на дописничката на МИА дали пораките од грчкото Министерство за надворешни работи и од грчкиот премиер дека напредокот и билатералните односи зависат од почитувањето на Договорот, во пракса би значело и грчко вето за европската перспектива на Северна Македонија, Маринакис рече дека не се стигнати до таа точка, но дека почитувањето на Преспанскиот договор е неопходен предуслов. 

-Во овој момент не сме до оваа точка, но јасно е и не се потребни многу толкувања, неопходен предуслов за интегративниот процес на Северна Македонија е почитувањето на Договорот од Преспа, истакна Маринакис.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ја окарактеризира одлуката на Сиљановска-Давкова како недозволива и провокативна и ја повика „да се врати на законските должности и на однесувањата кои произлегуваат од нејзината улога“.  Во објава на Фејсбук, Мицотакис порача дека „секој чекор на Скопје кон Европа“, меѓу другото, зависи и од употребата на уставното име.

- Провокативниот избор на новата претседателка на Северна Македонија да го прекрши официјалниот текст на заклетвата и да ја нарече земјата со различно име претставува нелегална и недозволива иницијатива. Чин кој го прекршува Договорот од Преспа и самиот Устав на нејзината држава. Но и поткопување на иднината на државата, како што веќе изјавија претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, напиша грчкиот премиер.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска е во еднодневна официјална посета на Хрватска, а во Загреб ќе одржи средби со хрватскиот државен врв, јави дописничката на МИА од Атина.

И од Европската унија вчера со порака дека постојните билатерални договори треба да се почитуваат и спроведуваат. 

Портпаролот на Европската Комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано изјави дека ЕУ очекува новите власти во Северна Македонија да покажат посветеност на европската иднина и да продолжат по успешниот пристапен пат.

- Постојните билатерални договори треба да се спроведат со добра волја од сите страни, вклучително и Договорот од Преспа меѓу Северна Македонија и Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, вклучувајќи ги неговите протоколи. Тоа се очекувањата на ЕУ, истакна Стано. 

Портпаролот на Европската унија (ЕУ) Питер Стано изјави дека бриселските институции „ги забележале“ извештаите за тоа дека Министерството за одбрана на Русија има намера да отвори канцеларија

И од Стејт департментот изјавија дека САД повикаа на почитување на Преспанскиот договор. 

- САД остануваат целосно посветени на Преспанскиот договор и евроатлантската интеграција на Северна Македонија. Додека новата влада се формира и се избира премиер, ние ќе продолжиме да го зацврстуваме значењето на почитувањето на меѓународните договори и бенефициите од целосно членство во ЕУ, изјави портпарол на Стејт департментот.

Од германското Министерство за надворешни работи вчера порачаа дека Северна Македонија има обврска да го почитува Преспанскиот договор. Владата во Берлин, како што пренесе Дојче веле, сака да ја продолжи соработката со новата влада во Скопје, и смета дека е важно земјата да го продолжи патот кон ЕУ и да ги спроведе неопходните реформи на тој пат.

- Северна Македонија може да се потпре на Германија на тој пат. Што се однесува до користењето на името, постои меѓународен договор, Преспанскиот договор со Грција, на кој Северна Македонија е обврзана, изјави портпаролот на германското МНР, Кристијан Вагнер.

Македонскиот дипломатски синдикат при Конфедерацијата на слободни синдикати денеска обвини дека против тројца дипломати се водат дисциплински постапки поради тоа што имале настап на трибина п

Од македонското Министерство за надворешни работи апелираат сите политички чинители, особено избраните државни функционери, да бидат внимателни кон меѓународно признаните договори. 

- Изминативе седум години, двете соседни земји развија исклучително високо ниво на политички дијалог, кое резултираше и со неколкукратно зголемување на економската соработка и изградбата на позитивни врски меѓу луѓето. Овие придобивки резултираа со членството на земјата во НАТО, отворање на преговорите со Европската Унија, како и со надградба на стратешкото партнерство во стратешки дијалог со САД. Повикуваме на внимателност од страна на сите политички чинители, особено на избраните државни функционери. Задржувањето на евроатлантскиот курс на земјава претставува основен стратешки интерес и гарант за долгорочната безбедност и стабилност на земјата, нагласија вчера од МНР.

За важноста на Преспанскиот договор и за соработката меѓу двете држави телефонски разговарале и поранешните премиери на Северна Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас. 

Докажавме еднаш засекогаш дека во историјата на Балканот не се потребни победници и поразени. Доволна е почитта и силната волја за заедничка иднина на мир и развој, пишува лидерот на СИРИЗА и

Ципрас и Заев разговарале за политичкиот случувања кај нас, а освен важноста на Договорот од Преспа, според информациите на МИА од Атина, посочиле и „колку е лицемерен и опасен националистичкиот популизам што се разви и на двете страни“.

Паралелно се договориле во следниот период да преземат заеднички иницијативи за поддршка и имплементација на Договорот од Преспа, за унапредување на односите меѓу народите на Грција и Северна Македонија и за мирот и стабилноста во поширокиот регион. 

Претседателката Сиљановска - Давкова беше инаугурирана во неделата во македонското Собрание, каде даде свечена изјава по што започна да тече нејзиниот петгодишен мандат како шеф на државата. Како шести претседател од осамостојувањето на државата и прва жена избрана на оваа позиција, Сиљановска - Давкова го наследи Стево Пендаровски на претседателската функција, откако го победи на изборите одржани на 8 мај. бак/дма/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан