Во Тетово ќе се одржи манифестацијата „Денови на Кирил Пејчиновиќ“
- Културно уметничкото друштво „Кирил Пејчиновиќ“ од тетовско Теарце денес ќе ја реализира традиционалната манифестација „Денови на Кирил Пејчиновиќ“. Играорците од друштвото заедно со гостински друштва ќе одржат повеќечасовен настап во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ – Тетово.
Тетово, 3 мај 2025 (МИА) - Културно уметничкото друштво „Кирил Пејчиновиќ“ од тетовско Теарце денес ќе ја реализира традиционалната манифестација „Денови на Кирил Пејчиновиќ“. Играорците од друштвото заедно со гостински друштва ќе одржат повеќечасовен настап во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ – Тетово.
-И оваа година ќе го прославиме богатото културно наследство преку песна, игра и традиција. Настапуваат културно-уметнички друштва од земјата и странство КУД „Врелац“ од Врањска Бања, Србија, КУД „Брвеница“ – Брвеница, КУД „Крњин“ – Грабовица, Добој од Босна и Херцеговина и КУД „Гоце Делчев“ од Битола, информираат од КУД „Кирил Пејчиновиќ“.
Манифестацијата почнува во 17 часот во Центарот за култура „Иљо Антески - Смок“ – Тетово. ас/дма/
Фото: КУД „Кирил Пејчиновиќ“