• сабота, 28 септември 2024

Во село Драчево се асфалтираат четири улици

Во село Драчево се асфалтираат четири улици

Скопје, 23 февруари 2024 (МИА) - Градежни активности за реконструкција на улиците „Корџевска”, „Домазетовска”, „Мишевска” и „Чучевска” од денес се одвиваат во селото Драчево. Овие четири улици, како што соопшти Општина Кисела Вода, претходно беа опфатени со проектот за изградба на водоводна мрежа, која на жителите од овој дел на општината после декади чекање, им обезбеди квалитетна вода за пиење.

Во наредните денови ќе се врши гребење и подготовка, по што ќе уследи асфалтирање. 

-Градежните активности за асфалтирање на овие сообраќајници опфаќаат околу 6000 квадратни метри површина. Пред само една седмица, го асфалтиравме и потегот околу црквата „Свети Спас” во селото Драчево, на површина од околу 1600 квадратни метри. Унапредувањето на условите за живеење во сите населби и населени места со плански и целосен начин на работа и понатаму ќе биде наша стратегија и цел кон која ние, како Општина Кисела Вода и јас како нејзин градоначалник продолжуваме да се стремиме, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Тој најави дека инвестирањето во вакви проекти продолжува низ цела Кисела Вода се до целосно надминување на проблемите со кои жителите од оваа општина се бореле со децении. дма/нд/

Фото: Општина Кисела Вода

Остани поврзан