• понеделник, 08 јули 2024

Во Прилеп отворена изложбата „Од мојата ризница со љубов“

Во Прилеп отворена изложбата „Од мојата ризница со љубов“

Прилеп, 13 мај  2023 (МИА) - Во Домот на културата „Марко Цепенков“ синоќа беше отворена првата самостојна изложба на историчарот на уметност и ликовен уметник Елена Чагороска. На прилепската публика Чагороска ѝ се претстави со 49 дела.

Според историчарот на уметност Викторија Димеска, делата на Чагороска се одликуваат со креативна, разиграна колоритност и неисцрпна имагинација.    

-Во многугодишната уметничка исполнетост, таа експериментира со разни техники и со разиграна имплементација ни ја доловува својата ризница. Постојаната инспирација и длабоката фантазија  ја соединуваат со уметноста и ја водат кон нови подвизи и експресии на уметничкото платно. Делата се вистинска ризница со љубов, рече Димеска.

Елена Чагороска дипломирала на Филозофскиот факултет, група историја на уметност со археологија. Во студентските денови објавувала статии за уметноста и археологијата во весниците „Нова Македонија“, „Вечер“. Од 1980 година до лани, откако се пензионираше, работеше во Државен архив во Прилеп. Автор е на повеќе трудови од ликовната уметност. ем/мч/

фото: МИА

Остани поврзан