• понеделник, 23 декември 2024

Распишан конкурсот за најдобар расказ „Живко Чинго“

Распишан конкурсот за најдобар расказ „Живко Чинго“

Охрид, 8 јули 2024 (МИА) – Општина Охрид го распиша годинешниот конкурс за најдобар расказ, што традиционално се доделува на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, во чест на охридскиот и македонскиот писател и раскажувач.

Според пропозициите, право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Северна Македонија, а трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци, под шифра, без лични податоци за авторот, на адресата на Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр.57, со назнака „За Конкурсот за расказ“.

Краен рок за доставување на трудовите е 31 овој месец, а авторското право се докажува со четвртиот примеро. Жири–комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат најдоцна до 8 август.

Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30 илјади денари, а истата ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ што во негова чест традиционално, секоја година се одржува во неговото родно село Велгошти, информираат од Општина Охрид. аб/дма/

фото: МИА

 

Остани поврзан