Во Прилеп е отворена изложбата „Пиктограми“
- Изложбата „Пиктограми“ со дела на двете ликовни уметници Светлана Попова и Марија Штерјова беше отворена синоќа во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.
Прилеп, 27 април 2024 (МИА) - Изложбата „Пиктограми“ со дела на двете ликовни уметници Светлана Попова и Марија Штерјова беше отворена синоќа во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Уметниците пред прилепската публика се претставија со 33 дела. Лајтмотивот на изложбата е симболиката на преносното значење на знаците, да се препознаат, да се прочитаат и почувствуваат како и универзалноста на математички совршениот бескраен универзум.
Сликите се изработени во техника акрил на платно, акрил на панел, акрил на хартија со различни димензии и јаки контрасти на бои. ем/ир
Фото: ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп