• сабота, 27 април 2024

Во Охрид утре изложба на оружје, борбени системи, опрема на АРМ, показна вежба на Охридското Езеро

Во Охрид утре изложба на оружје, борбени системи, опрема на АРМ, показна вежба на Охридското Езеро

Охрид, 22 март 2024 (МИА) – Припадници на Армијата на РСМ утре на Градскиот плоштад во Охрид во периодот од 9 до 18 часот ќе реализираат тактичко-технички збор односно изложба на вооружување, борбени системи, опрема и моторни возила.

Во рамките на активноста, припадници на Баталјонот за специјални сили во водите на Охридското Езеро кај Градското пристаниште, со употреба на атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема, ќе изведат показна вежба-препад на пловен објект. Во вежбата ќе се вклучи и хеликоптер на воздухопловниот ВИНГ на Армијата.

Сите активности во рамките на тактичко-техничкиот збор и показната вежба, покрај воено ќе имаат и полициско обезбедување што ќе го извршуваат припадници на Полициската станица Охрид и Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ (Езерска полиција).

Со оваа активност Армијата на РСМ ја одбележува 75-годишнината од формирањето на НАТО Алијансата и 4-годишнината од членството на РСМ во Североатлантскиот сојуз.

Од полицијата ушатуваат апел до граѓаните, да ги почитуваат насоките на службените лица задолжени за обезбедување на настанот. аб/дма/

Фото:  МИА

Остани поврзан