• вторник, 07 мај 2024

Последна сесија од Климатското Собрание

Последна сесија од Климатското Собрание

Скопје, 27 април 2024 (МИА) - Последната сесија од Климатското Собрание - завршната церемонија, ќе се одрижи денеска во Скопје со почеток во 12 часот, информира ЗИП Институт. На настанот ќе присуствува Христина Оџаклиеска, заменик-министер за животна средина и просторно планирање.

- Финалната сесија ќе биде круцијален настан за ова граѓанско Собрание, на кој 65 граѓани на Скопје избрани по случаен избор ќе ги презентираат своите препораки и предлог–решенија за решавањето на проблемите поврзани со аерозагадувањето во Скопје, соопштуваат од ЗИП Институт. ир/нд/

Фото: Принтскрин

 

 

 

Остани поврзан