• петок, 17 мај 2024

Заврши гласањето на болните и изнемоштените лица во Дебар и Центар Жупа

Заврши гласањето на болните и изнемоштените лица во Дебар и Центар Жупа

Дебар, 7 мај 2024 (МИА) – Во општините Дебар и Центар Жупа заврши гласањето на болните и изнемоштени лица, при што од 81 колку што требаше да гасаат, тоа го сториле 78.

-Во општина Дебар од вкупно 71 лице, правото на глас, поради разни причини не го остварија три лица. Од 68 колку што тоа го сторија,  46 гласаа и за претседателски и за парламентарни избори, додека 22 само за парламентарни избори. На 24 април, првиот круг за претседателски избори ова право го искористија 29 лица. Распределбата на изборниот материјал е завршена и се надеваме дека утрешниот изборен ден ќе мине во најдобар ред, рече за МИА, Рилинд Хаса, претседател на Општинската изборна комисија.

Во оваа општина ќе се гласа на 27 избирачки места а во единствениот избирачки список запишани се 19.269 гласачи за претседателските избори и 19.311 гласачи за парламентарните избори.

-Во нашата општина правото на глас го остварија 10 лица, колку што и беа на списокот, сите и за претседателски и за парламентарни избори. Во првиот круг од претседателските избори, ова право го искористија 3 лица. Изборниот мареријал е распределен, утре ќе се гласа на 16 изборачки места и очекуваме изборниот ден да мине како и минатот, без никаков проблем,  изјави за МИА, Неџип Илјаз, претседател на ОИК за Центар Жупа.

Според него во единствениот избирачки список за вториот круг од претседателските избори запишани се 7.368 додека за парламентарните 7.383 гласачи.

Во првиот круг од претседателските избори во општина Дебар правото на глас го оствариле 6379 или околу 35 отсто, додека во општина Центар Жупа 1279 или 17,36 отсто. вт/са/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан