• понеделник, 23 декември 2024

МВР: Лични документи може да се подигнат и утре

МВР: Лични документи може да се подигнат и утре

Скопје, 7 мај 2024 (МИА) - Од 8 до 19 часот утре, на денот на Претседателските и Парламентарните избори, ќе работи Одделот за граѓански работи односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при Министерството за внатрешни работи. 

-Исто така, ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3 мај 2024 година, се веќе изготвени и граѓаните може да ги подигнат, информира МВР. хс/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан