• среда, 06 ноември 2024

Metallica symphonic tribute show вечерва во Скопје

Metallica symphonic tribute show вечерва во Скопје

Скопје, 27 април 2024 (МИА) – Вечерва со почеток од 20 часот во Арена „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи „Black symphony – Metallica symphonic tribute show“.

Како што информираат од Авалон продукција, со повеќе од 30 музичари и симфоничари на сцена ќе бидат изведени најголемите песни на Metallica, како „The Unforgiven“, „Nothing Else Matters“, „Enter Sandman“ и „Master of Puppets“.

Black Symphony е проект кој додава необичен и возбудлив мистичен пресврт на музиката со фузија на двете контрастни атмосфери, моќните „рифови“ и мелодијата од богатиот оркестар. ар/нд/

Фото: Авалон

Остани поврзан