• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Општина Битола зголемен степенот на подготвеност и превенција од пожари и поплави

Во Општина Битола зголемен степенот на подготвеност и превенција од пожари и поплави

Битола, 9 април 2025 (МИА) - Општинскиот Кризен штаб за заштита и спасување денеска одлучи да го зголеми степенот на подготвеност и утврди план за рана превенција од пожари и поплави на подрачјето на Општина Битола.

Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираа дека посебен акцент на состанокот бил ставен на подготвеноста на Територијалната против пожарна единица (ТППЕ)-Битола, утврдените потреби и недостатоци, со цел во случај на пожар, единицата да реагира соодветно, бидејќи, според најавените прогнози, годинава се очекуваат високи температури.

-Општинскиот кризен штаб ги детектираа можните точки за потенцијално избивање на пожар, како и можностите од поголема количина на вода во наредниот период и поплавување. Од подрачната единица на Водостопанство подружница Битолско Поле, потврдија дека до сега е исчистена каналска мрежа во должина од 17 километри, а подготвеност за брзи интервенции потврдија преставниците на јавните претпријатија Национални шуми, Национален парк Пелистер, Македонија пат, Стрежево, битолските јавни претпријатија Водовод, Комуналец и Нискоградба, соопштија од Општина Битола.

Општинскиот кризен штаб редовно соработува и со Дирекцијата за заштита и спасување како и со Центарот за управување со кризи. мт/мд/

Фото: Општина Битола

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан