• понеделник, 01 јули 2024

Во Велес и околината утре прво авионско третирање против комарци

Во Велес и околината утре прво авионско третирање против комарци

Велес, 31 мај 2024 (МИА) - Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско третирање против комарци ќе го изврши на утре во периодот од 05:00 до 08:00 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, в недела, 2 јуни.

Границата, на третирањето е - Езеро „Младост“, село Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од село Башино Село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и село Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата „Керамидна“ кон фабриката „Киро Ќучук“ и Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро „Младост“ со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства. ад/нд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан