• петок, 22 ноември 2024

Продолжува реконструкцијата на спортската сала во Куманово

Продолжува  реконструкцијата на спортската сала во Куманово

Куманово, 1 јули 2024 (МИА) - Продолжува реконструкцијата на спортската сала во Куманово, информираа денеска од општината. Партерно се уредува спортстката сала во Куманово, како и трибините во овој спортски објект соопштија денеска надежните.

Предвидено е да се работи на борилиштето, боксерската сала е завршена, ќе следува реконструкција на санитариите одводот, водовод, санитарни јазли. Проблемите со кровната конструкција се надминати, се работи на осветлување и целосна замена на електриката во салата.

- Согласно проектната документација целосната реконструкција на спортската сала според проектот којшто е направен пред некаде четири години изнесува 6, 5 милиони евра. Се надевам дека освен греење и ладење, успеваме со квалитетен избор на изведувачи по пат на јавни набавки нема да потрошиме ниту два милиони евра, потоа ќе бараме дополнително да се реши затоплувањето и ладењето, изјави кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Спортската сала во Куманово веќе извесен период етапно се реконструира. Изминативе години почна делумна реконструкцијата на трибините, следуваше реконструкција на салата наменета за бокс, претходно се санираше кровната конструкција. Спортската сала е еден од четирите големи спортски објекти, Соколана, градски стадион и стрелиште кои Владата ѝ ги врати во владение на општина Куманово, откако претходно со нив менаџираа приватни стопанственици. ам/дма/


Фото: МИА и Општина Куманово архива

 

Остани поврзан