• вторник, 02 јули 2024

МНР: Македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски е веќе повикан на консултации

МНР: Македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски е веќе повикан на консултации

Скопје, 1 јули 2024 (МИА) - Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија денеска соопшти дека согласно Законот за надворешни работи македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски е веќе повикан на консултации.

- Поради итноста на материјата очекуваме консултациите да се случат во текот на оваа недела и за сите дополнителни детали јавноста ќе биде навремено информирана, се наведува во соопштението од МНР. цр/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан