• петок, 22 ноември 2024

Најмногу дожд наврнал во Охрид

Најмногу дожд наврнал во Охрид

Скопје, 2 јули 2024 (МИА) - Изминатите девет часа најмногу дожд наврнал во Охрид, 11 литри на метар квадратен.

Како што соопшти УХМР, до 17 часот попладнево се измерени и девет литри на метар квадратен во Лазарополе и Битола, шест во Маврови Анови, пет во Крушево, четири во Ѓуриште, три во Претор и Прилеп, два во Демир Капија и Тополчани и еден литар на метар квадратен во Крива Паланка, Берово, Велес и Кавадарци.

Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 70 километри на час) и појава на град.

Во Скопската Котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 километри на час) и појава на град. дма/нд/

Фото:МИА архива

Остани поврзан