• недела, 22 декември 2024

Претседателката Сиљановска Давкова го прими чешкиот амбасадор Јарослав Лудва

Претседателката Сиљановска Давкова го прими чешкиот амбасадор Јарослав Лудва

Скопје, 1 јули 2024 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва. На средбата, како што информира нејзиниот Кабинет, беа разменети мислења за севкупните билатарални односи меѓу двете држави, кои годинава одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи.

Истакната беше посветеноста за натамошен развој и јакнење на партнерските односи, што e изразено преку интензивен политички дијалог и во економската соработка.

Претседателката Сиљановска Давкова ја нагласи важноста на силната поддршка што Чешка ја дава за европските аспирации на нашата држава и на регионот, како на билатерално ниво, така и во рамки на институциите на ЕУ и преку делувањето во рамки на Вишеградската група.

На средбата се разговараше и за текот на реформскиот процес, при што претседателката Сиљановска Давкова го посочи формирањето на Министерството за европски прашања како важен чекор што ја демонстрира посветеноста на државата кон европската агенда.

На средбата беа разменети мислења за актуелните состојби во поширокиот регион. мч/дма/

фото: Кабинетот на претседателот на РС Македонија
 

Остани поврзан