Водата во Скопје безбедна за пиење
- Водата за пиење во Скопје е безбедна покажуваат резултатите од направените физичко-хемиски и микробиолошки испитувања од 47 мерни места во градот.
![Водата во Скопје безбедна за пиење](https://new.mia.mk/images/20230925113648_big_730x400_3.webp )
Скопје, 25 септември 2023 (МИА) - Водата за пиење во Скопје е безбедна покажуваат резултатите од направените физичко-хемиски и микробиолошки испитувања од 47 мерни места во градот.
-Секторот за санитарна контрола во периодот од 18.09.2023 до 22.09.2023 зема 194 примероци за физичко-хемиска и 194 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираа денеска од ЈП „Водовод и канализација“.
Овие информации, од јавното претпријатие ги објавуваат во рамки на неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. дма/бак/
Фото: ЈП Водовод и канализација