• петок, 05 декември 2025

Винисиус го продолжи договорот со Реал Мадрид

Винисиус го продолжи договорот со Реал Мадрид

Мадрид, 24 мај 2025 (МИА) - Напаѓачот Винисиус Жуниор потпиша нов договор со Реал Мадрид кој ќе важи до 2030 година, објави „Sport.es“.

По продолжувањето на договорот со бразилскиот играч, клубот го надмина утврдениот лимит на плати од 15 милиони евра. Сега 24-годишниот фудбалер ќе добива повеќе од 20, но помалку од 30 милиони евра годишно. 

Винисиус ја делеше титулата најплатен играч на „кралскиот клуб“ со напаѓачот Килијан Мбапе.

Се забележува дека надминувањето на ограничувањето на платите би можело да го принуди Реал да ја преиспита својата политика за плати, бидејќи постои можност и други ѕвезди на клубот да посакаат зголемување на платата, по примерот на Винисиус.

Претходно, договорот на Винисиус беше со важност до летото 2027 година. 

Оваа сезона, напаѓачот одигра 50 натпревари на сите турнири, постигнувајќи 20 гола и 16 асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан