• недела, 19 мај 2024

Вежбата „Нордиски одговор“ влезе во нова фаза

Вежбата „Нордиски одговор“ влезе во нова фаза

Брисел, 6 март 2024 (МИА) - Припадниците на поморските и копнените сили на Шведска и Финска учествуваа во вежбите на НАТО како дел од „Нордискиот одговор“, а сето тоа е дел од најголемата воена вежба по Студената војна „Steadfast Defender“.

Според соопштението на НАТО, шведски и фински маринци започнале амфибиски операции од воен брод на американската морнарица во норвешкиот дел на Арктикот за време на вежбите.

Два чамци за брз напад ЦБ-90 на шведската морнарица, превезоа стрелачка чета на финската армија до бреговите на Норвешка.

-Нивната база беше американскиот воен брод УСС Ганстон Хол.

Малку порано, по повод почетокот на вежбата „Нордиски одговор“ говореа и припадници на норвешките вооружени сили.

-Почна нордискиот одговор 24. Во следните две недели 20.000 војници на алијансата ќе работат на обука на одбраната на северните територии. Заедно ќе работиме за безбедноста на НАТО, ќе покажеме сила, единство и кохезија. Заедно ние сме НАТО, велат тие. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан