• вторник, 05 ноември 2024

Во Нова Каледонија француската жандармерија изврши операција за враќање на контролата на патот до аеродромот

Во Нова Каледонија француската жандармерија изврши операција за враќање на контролата на патот до аеродромот

Нумеа, 19 мај 2024 (МИА) - Франција започна голема операција во која се вклучени повеќе од 600 жандарми за целосно враќање на контролата на патот меѓу главниот град на Нова Каледонија Нумеа и аеродромот на француската прекуморска територија, каде шест лица загинаа во немири.

Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманен, доцна синоќа на платформата Икс објави дека во Нова Каледонија „покрената е голема операција во која учествуваат повеќе од 600 жандарми, од кои околу стотина припадници на ГИГН“, елитната тактичка единица на жандармеријата.

Целта на операцијата е „целосно да се врати контролата над 60-километарскиот главен пат меѓу Нумеа и аеродромот“ во Тонтут, рече Дарманен. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан