• понеделник, 01 јули 2024

Ерупција на вулканот Ибу на оддалечениот индонезиски остров Халмахера

Ерупција на вулканот Ибу на оддалечениот индонезиски остров Халмахера

Џакарта, 19 мај 2024 (МИА) - Вулканот Ибу на оддалечениот индонезиски остров Халмахера еруптираше, исфрлајќи облак од сива пепел.

„Вулканот Ибу еруптираше синоќа и исфрли пепел до висина од четири километри“, објави индонезиската агенција за вулкани.

Индонезиските власти потврдија дека почнала евакуацијата на жителите на седум околни села. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан