• понеделник, 24 јуни 2024

Валенсија го има најлошиот резултат од сезоната 1985/86 - тогаш тимот испадна од Ла Лига

Валенсија го има најлошиот резултат од сезоната 1985/86 - тогаш тимот испадна од Ла Лига

Валенсија, 17 април 2023 (МИА) – Валенсија синоќа на домашен терен загуби од Севилја со 2:0 во натпревар од 29. коло на шампионатот на Шпанија.

 

„Лилјаците“ имаат 27 поени од 29 натпревари во Ла Лига што е нивен најлош резултат од сезоната 1985/86, кога клубот освои 24 поени. Тогаш клубот испадна од највисоката дивизија на фудбалскиот шампионат на Шпанија.

 

Избраниците на Рубен Бараха оваа сезона се на 18. место. Најблискиот конкурент на Валенсија кој се наоѓа на „безбедно“ е Алмерија која има 30 бода.

 

До крајот на првенство во Шпанија остануваат уште девет кола. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан