• понеделник, 23 декември 2024

Ѓоковиќ го надмина Алкараз на АТП ранг листата

Ѓоковиќ го надмина Алкараз на АТП ранг листата

Лондон, 24 јуни 2024 (МИА) - Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се искачи на второто место на најновата АТП ранг-листа објавена денес на веб-страницата на организацијата.

Шпанецот Карлос Алкараз минатата недела загуби од Британецот Џек Дрејпер во второто коло на турнирот во Лондон и загуби 450 поени. Благодарение на ова, Ѓоковиќ се искачи на второто место. Србинот моментално закрепнува од операцијата.

Лидер е италијанскиот тенисер Јаник Синер.

Десетте најдобри на најновата АТП ранг-листа:

Јаник Синер (Италија) - 9890 поени
Новак Ѓоковиќ (Србија) – 8360
Карлос Алкараз (Шпанија) – 8130
Александар Зверев (Германија) – 6905
Данил Медведев (Русија) – 6445
Андреј Рубљов (Русија) – 4420
Хуберт Хуркач (Полска) – 4235
Каспер Руд (Норвешка) – 4025
Алекс де Минаур (Австралија) – 3830
Григор Димитров (Бугарија) – 3750. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан