• вторник, 25 јуни 2024

Барселона не може да си дозволи да го купи Бернардо Силва

Барселона не може да си дозволи да го купи Бернардо Силва

Барселона, 24 јуни 2024 (МИА) - Играчот од средниот ред на Манчестер сити, Бернардо Силва беше блиску до преселба во Барселона, но трансферот пропадна, пренесува „Marca“.

Според шпанскиот спортски весник, Каталонците не можат да го купат фудбалерот поради финансиски проблеми.

Сити бара 60 милиони евра за играчот од средниот ред, но за Барса ова е недостапна сума.

Во сезоната 2023/24, 29-годишниот Силва одигра 33 натпревари за Манчестер сити во Премиер лигата, постигнувајќи шест гола и девет асистенции. 

Договорот на играчот со Сити е до летото 2026 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан