• среда, 26 јуни 2024

Ван Дајк: Очекувањата на ова ЕП ни се големи

Ван Дајк: Очекувањата на ова ЕП ни се големи

Берлин, 24 јуни 2024 (МИА) – Капитенот на холандската фудбалска репрезентација Вирџил ван Дајк кажа што мисли за перспективите на националниот тим пред натпреварот со Австрија во 3. коло на Европското првенство.

Тој истакна дека очекувањата се многу големи.

- Очекувањата се големи. По натпреварот против Франција, ние како играчи искрено си кажавме што треба да подобриме. Треба да се претставиме подобро отколку на натпреварот со Франција. Сè уште сме способни да напредуваме на ова Европско првенство, изјави Ван Дајк, за „Ројтерс“.

Во последното коло Холандија ќе игра со Австрија, а Франција ќе се сретне со Полска. Двата натпревари ќе се одиграат утре (25 јуни). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан