• понеделник, 15 декември 2025

Во конклавата за избор на нов папа ќе учествуваат 133 кардинали, двајца ќе отсуствуваат поради здравствени причини

Во конклавата за избор на нов папа ќе учествуваат 133 кардинали, двајца ќе отсуствуваат поради здравствени причини

Рим, 29 април 2025 (МИА) - Бројот на кардинали кои ќе учествуваат во конклавата за избор на нов папа се намали од 135 на 133, објави италијанската новинска агенција АНСА.

„Двајца кардинали објавија дека нема да можат да присуствуваат“, изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, без да ги наведе нивните имиња.

Во последните денови, италијанските медиуми објавија дека шпанскиот кардинал Антонио Канизарес Ловера и кардиналот Винко Пуљиќ од Босна и Херцеговина ќе отсуствуваат од конклавата поради здравствени причини, иако лекарите подоцна на Пуљиќ му одобриле да учествува во конклавата во Систинската капела, наведува агенцијата.

Конклавата започнува на 7 мај во Систинската капела во Ватикан. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан